Протестот следуваше откако Регулаторна ги одби барањата на најголемата опозициска партија. Нејзиниот претседател протестите ги оцени како пристисоци за кои ги информирал и европските институции.

Објавил: Владо Марин | 18 септември, 2020 3:20

Мицкоски: Ќе бидеме на улица се додека не се врати достоинството на народот

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Поскапувањето на струјата ќе ги осиромаши граѓаните. Регулаторна комисија не е никакво експертско тело туку продолжена рака на Зоран Заев, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски!

Третиот протест на ВМРО-ДПМНЕ за цената на струјата синоќа беше со автомобили.

Тие тргнаа од паркингот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, по булеварот „Партизански одреди“ и дојдоа пред Регулаторната комисија за енергетика

Премногу долго Заев и власта го лажат и крадат овој народ, го осиромашија до коска, додека нивните бизниси цветаат, а личните богатства растат. Стоп за мафијата, рече Мицкоски!

Синоќешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје беше со автомобили!

Ќе побараме надзорна расправа во Собранието за поскапувањето на струјата и оставка од Регулаторната комисија.

На улица се додека не се врати достоинството на народот. Гласот на народот ќе биде слушнат.

Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, на вратата на Регулаторна залепи хартија на која пишуваше „Оставка“.

Протестот следуваше откако Регулаторна ги одби барањата на најголемата опозициска партија. Нејзиниот претседател протестите ги оцени како пристисоци за кои ги информирал и европските институции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести