Силно опозоционерство на Преспанскиот договор вио Грција

Објавил: Узунов Бобан | 25 јануари, 2019 11:10

Мицотакис најавува вето за Македонија

Фото/Текст извор: ©курир/магазин

Претседателот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во неговиот говор во Парламентот за време на расправата за ратификација на Договорот од Преспа, порача дека тој како премиер би го искористил правото на вето на патот на Македонија кон Европската унија, јави дописничката на МИА од Атина.

-Процесот за интеграција на Скопје во ЕУ не е поврзан со Договорот од Преспа. Грција може во кој било момент да стави вето во процесот на интеграција на Скопје во ЕУ и ова право на нашата татковина одбивам да го напуштам, порача Мицотакис.

На почетокот на неговиот говор што траеше еден час, рече дека Договорот од Преспа не требаше никогаш да биде потпишан и „секако, никогаш не требаше да дојде во грчкиот Парламент за ратификација, бидејќи претставува национален пораз”.

Премирот Алексис Ципрас е уверлив пред меѓународната заедница во исполнувањето на грчкие обврски од Преспанскиот Договор.

Мицотакис спомена седум вистини за тоа дека Грција направила отстапки во Договорот од Преспа.

Лидерот на Нова демократија, сепак, рече дека мора да биде искрен дека ако Договорот се ратификува, тогаш не може да се поништи бидејќи има посилна моќ од кој било закон и затоа од парламентарната говорница ги повика пратениците, како што рече, да го кажат големото „НЕ” на утрешното гласање за ратификација на Договорот од Преспа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести