Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 42 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе сеискачи до околу 40 степени.
Потоа и утре ќе се задржи сончево и МНОГУ ТОПЛО време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Од петок под влијание на посвежа воздушна маса ќе има намалување на температурите и истите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. Ќе дува и умерен ветер од северен правец кој Долж Повадарието повремено ќе засилува, а ќе има услови и за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.