Она што секако ја привлече јавноста е моментот кога беше прогласен документарниот филм „Американска фабрика“ за најдобар документарен филм. Имено продуцентака Џулија Рајхарт која одржа краток говор по земањето на наградата, проговори и за Медена Земја, и рече дека тоа е филм кој ја опишува Македонија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 февруари, 2020 10:18

Моментот кога „Северна“ не беше спомената на „Оскарите“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Цела Македонија вчера беше во неизвесност и очекуваше нашите претставници на престижните Оскари, и филмот Медена Земја да се вратат со две златни статуетки, но иако не добивме ниту една за нас сепак тие одамна се победници.

Она што секако ја привлече јавноста е моментот кога беше прогласен документарниот филм „Американска фабрика“ за најдобар документарен филм. Имено продуцентака Џулија Рајхарт која одржа краток говор по земањето на наградата, проговори и за Медена Земја, и рече дека тоа е филм кој ја опишува Македонија.

‒ Мојот живот по снимањето на филмот драстично се промени. Сега имам нова куќа, и сѐ станува подобро и подобро. Сакам публиката да извлече само една порака од филмот: како што јас споделувам со своите пчели, така сакам и сите луѓе да споделуваат едни со други, вели Атиџе.

Овој пат тоа не го направи тимот на Медена Земја, кој на неколку наврати се изјасни дека ја претставува Македонија, без Северна.

Овој документарен филм кој го однесе Оскарот за најдобар документарец е направен во продуцентската компанија на Барак и Мишел Обама – „Higher Ground Productions“, а Рајхарт е позната и почитувана  универзитетска професорка која знае кое е уставното име на нашата држава.

За потсетување нашиот документарец „Медена земја“ беше номиниран во две категории, за најдобар документарен и за најдобар интернационален филм, а по завршувањето на Оскарите се огласи и тимот.

– Кога го промовиравме филмот на фестивалот „Санданс“, пред повеќе од една година, не се ни надевавме дека ќе стигнеме толку далеку. Им се заблагодаруваме на сите што веруваа во нашиот мал филм и нè поддржуваа, а особено му се заблагодаруваме на дистрибутерот „Неон“ за вербата во моќта на кинематографијата и во смелото раскажување приказни. На крај, би сакале да ѝ се заблагодариме на нашата водечка ѕвезда, Атиџе Муртова што ни дозволи да влеземе во нејзиниот прекрасен свет. Филозофијата на Атиџе ‒ земи половина, остави половина ‒ е едноставна, но длабока. Тоа е порака во којашто може да се пронајде секоја публика. Горди сме што сме гласниците на таа порака, напишаа авторите на „Медена земја“.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести