Нашата потрага по вистината ја продолживме кај семејството Сам, останатите ликови во Медена земја. И тие се пожалија дека добиле само празни ветувања.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 мај, 2020 23:37

НИШТО ОД ВЕТУВАЊАТА : Атиџе не доби ни работа, ни песна- повторно остана сама со пчелите!

Фото/Текст извор: ©алфа.мк

Ништо од ветувањата кои протагонистката од документарецот Медена земја пред четири месеци ги доби од градоначалникот на Лозово. Ниту стана туристички водич, ниту снимаше песни, ниту пак доби нов кров на куќата во Дурфулија.

Атиџе Муратова е жената која се прослави со македонскиот документарец Медена земја, и која со својата добрина и одгледувањето и љубовта кон пчелите стигна на црвениот тепих, на Оскарите…

Алфа тргна во потрага по одговор на прашањето дали надлежните  го искористија ликот на Атиџе Муратова за ситни политички поени. Последната одгледувачка на диви пчели која со својата скромност го воодушеви светот не беше во селото. Подолго време е во Беќирлија, раскажуваат селаните. Сега е време за роење на пчелите и таа е таму со нив. За среќа налетавме на нејзината другарка од детството. Ни кажа дека последен пат се виделе во понеделникот. Сепак црвениот тепих и Оскарите воопшто не ја промениле скромната душа на пчеларката.

Екипата на ТВ Алфа денеска пречекана од Валентина Атанасова отиде во посета на новата куќа на Муратова. Кровот не беше сменет –со ова падна во вода уште едно од ветувањта на градоначалникот Велевски. Нашата потрага по вистината ја продолживме кај семејството Сам, останатите ликови во Медена земја. И тие се пожалија дека добиле само празни ветувања.

Оскарите не ја прославија само Атиџе. Свои пет минути слава добија и селата Беќирлја и Дурфулија

Како што може да се види од прилогот на тв Алфа која проба да стапи во конакт и со првиот човек на Лозово Ацо Велковски, тој не одговорил на нивниот повик бидејќи бил на состанок, па потоа испратил порака до екипата за да добие одговор зошто го бараат. Одговор на прашањето кога ќе се реализират ветувањата не добивме, објави Алфа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...