Рецепт за природен лек за бронхитис од лимони и мед.

Објавил: admin@magazin | 17 април, 2019 22:09

Моќен лек кој лечи бронхитис !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Акутен бронхитис кој се базира на висока телесна температура, искашлување и големи болки во градите обично трае недела дена а можеби и повеќе.

Според проценките на лекарите, бронхитис обично се лечи со антибиотици, но од голема помош за брзо и сигурно оздравување се чаевите и други билни препарати.

Ова е моќен рецепт за природен лек за бронхитис од лимони и мед.

Потребни ви се 10 лимони, килограм мед и 10 главици лук. Лимонот исечкајте го на парчиња, лукот излупете го и исечкајте го. Измешајте со мед и оставете во затворена тегла да отстои недела дена.
Земајте по четири лажички дневно, растворувајќи ја смесата во уста и лесно голтајте.

Кашлицата е основен знак и секогаш е присутна при акутен бронхитис. Во почетокот е сува и непродуктивна, а покасно станува продуктивна, со искашлубање на мукоидна, мукопурулентна содржина. Кашлицата понекогаш е пратена со препотување. Болниот може да чувствува лесна омалаксаност, субфебрилност, секреција од носот. Кашлицата понекогаш може да се јави во пароксизби – напади предизвикани со вдишување на ладен воздух, пушење, физички напор, зборување или смеење. Ако има гушење и свирење во градите значи има присуство на бронхоспазам.

Важна Напомена:

Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.

Акутен бронхитис  претставува краткотрајно (акутно) воспаление на слузницата на бронхиалното стебло. Најчесто се јавува во есен и зима или во студена и влажна сезона. Се развива во три етапи: – на почетокот како ринофарингетис, што значи кијавица и ангина, во траење од еден до три дена; – потоа сув бронхитис со кашлица, оскудна слузава плунка и покачена температура до 38 степени; – и најпосле како катарален бронхитис со кашлица и течна обилна плунка.

Акутниот бронхитис може да се јави како самостојна болест или во склоп на друго заболување, на пример мали сипаници. Кај возрасните поминува лесно за неколку денови, а кај децата може да се комплицира со бронхопнеуномија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...