Честит нека ни е #Илинден, напиша Игор Дурловски на фејсбук во пресрет на втори август.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 август, 2019 9:56

МОЌНА ИЗВЕДБА: Ана и Игор Дурловски во придружба на децата ја пејат “Налеј, налеј”(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Оперскиот пејач Игор Дурловски на социјалните мрежи сподели моќно видео кое заедно со семејство ја пејат песната „Налеј, налеј“ и со оваа песна на Македонците, сакаат да им го честитаат најголемиот празник, Илинден.

Оперскиот пејач Игор Дурловски заедно со своето семејство на социјалните мрежи го честиташе празникот Илинден, со прекрасна изведба на песната Налеј, налеј!

„Време во кое и ѕидовите имаат уши а никој не сака да не чуе.
Честит нека ни е #Илинден, напиша Игор Дурловски на фејсбук во пресрет на втори август.

Веќе неколку години, светот го запознава басот Игор Дурловски како интерпретатор на партии од оперскиот и концертниот репертоар. Тој ги третира музичките стилови со вистинска палета на расположенија, почнувајќи од улогата на Плутоне во Евридика на Јакопо Пери, до ролјата на свештеникот во операта “Посета на старата дама” на Готфрид Фон Ајнем.
Магичната интерпретација на музиката на Дурловски е забележлива уште од неговото деби во 1999 година. Од тогаш тој станува миленик на својата матична публика во Македонија, која безрезервно го наградува гласот кој со големина и карактер го изведува белканто репертоарот на Гаетано Доницети, Винченцо Белини, Џоакино Росини, лириката и драматиката на Џакомо Пучини, како и херојските улоги од рускиот и францускиот репертоар. 

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НА ОВОЈ ЛИНК:https://www.facebook.com/igor.durlovski?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.