Венчавката се случила во хотелот Double Tree by Hilton, каде потоа продолжила свадбената веселба.

Објавил: admin@magazin | 3 ноември, 2019 10:57

Мухамед Зекири по втор пат стапна на лудиот камен: Кум му беше ЗАЕВ со неговата сопруга Зорица(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеникот Мухамед Зекири се венча со поранешната директорка на телевизијата Алсат М, Бисера Јордановска.

Венчавката се случила во хотелот Double Tree by Hilton, каде потоа продолжила свадбената веселба.

Кум на свадбата бил премиерот Зоран Заев заедно со неговата сопруга Зорица Заева.

На свадбената прослава присуствувале и блиските пријатели на Зекири и Јордановска, меѓу кои бројни новинари, нивни поранешни колеги, објавува „Фактор“ .

Мухамед Зекири во моментов е потпретседател на владејачката СДСМ и пратеник во Собранието. Претходно долги години беше главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат М, како и новинар во неколку други медиуми во земјава.

Бисера Јордановска, пак, е поранешна директорка на Алсат М телевизија.
Ова е втор брак за Зекири кој од претходниот брак има две деца.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.