Во петокот, 11.02.2022, денот кога бројот за итни повици 112 беше пуштен во употреба имало околу 600 повици, а во сабота (12.02.2022) околу 430. Во текот на ноќва до 08.00 часот се примени 76 повика, велат од ЦУК.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 февруари, 2022 10:17

Над илјада повици на бројот 112 од пуштањето во употреба во петокот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, рано утрово го посети Секторот 112 во Центарот за управување со кризи.

Во петокот, 11.02.2022, денот кога бројот за итни повици 112 беше пуштен во употреба имало околу 600 повици, а во сабота (12.02.2022) околу 430. Во текот на ноќва до 08.00 часот се примени 76 повика, велат од ЦУК.

Од страна на дежурниот сменоводител и примателите на итни повици беше запознат со тековната работа, како и со почетните проблеми со коишто се соочува новиот Сектор 112, додаваат од ЦУК.

Македонските граѓани во итен случај со вртење на бројот 112, во најкраток можен рок ги добиваат услугите на полицијата, итната медицинска помош или противпожарната бригада, од каде било во државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести