Влошување на времето се очекува уште во текот на утрешниот ден, најкритично ќе биде во петок и во сабота, особено во јужните и во југозападните предели на Грција каде се очекува да падне и големо количество на воден талог.

Објавил: Владо Марин | 16 септември, 2020 21:59

НАД МЕДИТЕРАНОТ СЕ ФОРМИРА УРАГАН И ЌЕ ЈА ПОГОДИ СОСЕДНА ГРЦИЈА – ДАЛИ И КАКО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ВРЕМЕТО КАЈ НАС?!

Фото/Текст извор: ©Метео Аларм/Магазин.мк

Моќен циклонски систем се формира во Медитеранот, и истиот понатаму ќе прерасне во УРАГАН и истиот ќе се движи кон соседна Грција условувајќи олујни ветришта, силни дождови кој може да условат и локални поплави.

Влошување на времето се очекува уште во текот на утрешниот ден, најкритично ќе биде во петок и во сабота, особено во јужните и во југозападните предели на Грција каде се очекува да падне и големо количество на воден талог.

Олујните до оркански ветришта се очекува да дуваат со брзина поголема од 100 км/час, понекаде и до 130, 140 км/час, локално и повеќе.

Во ваква ситуација, граѓаните да бидат КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ и во случај на олујни ветришна и невреме да не излегуваат од своите домови.

Во продолжение погледнете го очекуваното количество на воден талог кој се очекува во соседна Грција за време на ударот на моќниот циклон кој ќе прерасне во ураган:

Да напоменеме дека вложување на времето кај нашиот јужен сосед се очекува особено во петок и во сабота, кога и врнежите ќе бидат најинтензивни и постои опасност од локални поплави.

Што се однесува до времето кај нас, во петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец и истиот за време на викендот ќе услови пад на температурите на воздухот, особено на оние утринските кога ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 15 степени, во Беровскиот регион се очекува да биде нешто постудено.

Услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи ќе има утре попладне и во петок кога ќе има повеќе облачност. Сепак и покрај ова големата суша која ја зафати нашата држава и понатаму ќе продолжи но со тоа што во следните денови под влијание на посвеж воздух од североисток ќе биде и посвежо.

Се на се, Македонија нема никаква опасност од овој МЕДИТЕРАНСКИ УРАГАН.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...