коалицијата предводена од САД врз ИД во Сирија и во Ирак од почетокот на операцијата во август 2014 година убила и над 1.100 цивили

Објавил: Мартин Попоски | 28 септември, 2018 6:16

Над 1.100 цивили загинале во Сирија и Ирак од нападите на коалицијата

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Над 1.100 цивили биле убиени во напади од воздух на коалицијата предводена од САД врз ИД во Сирија и во Ирак од почетокот на операцијата во август 2014 година.

Информацијата ја соопшти американската Команда.

Само во август имало 53 цивилни жртви.

Други организации даваат поинакви податоци. Според набљудувачите од Еаруорс, загинати се најмалку 6.575 цивили.

Коалицијата заедно со локални патрнери успеа да заземе големи територии од Сирија и од Ирак од ИД.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.