Поради генерален штрајк на грчките траектни превозници, над 180.000 туристи се блокирани по грчките острови, меѓу кои и Миконос, Санторини и Крит

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 септември, 2018 6:35

Над 180.000 туристи блокирани по грчките острови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Илјадници патници вчера и денес останаа блокирани на грчките острови поради штрајкот на пристанишните работници кои бараат зголемување на платите и намалување на даноците.

Главниот синдикат на ПНО ќе одржи состанок во текот на денот за да одлучи дали ќе продолжи еднодневниот штрајк.

Компаниите што се занимаваат со траектен превоз соопштија дека штрајкот ќе погоди околу 180 000 луѓе кои планирале да одат или да се вратат на островот. Најпопуларните острови, Миконос, Санторини и Крит, исто така беа погодени.

Многу острови немаат авионска врска со остатокот од земјата.

Синдикатите бараат зголемување на заработката за пет отсто по осум години замрзнување на платите поради должничката криза. Работодавците нудат еден процент.

Туризмот носи клучни приходи во Грција, а оваа година се очекува рекорден број туристи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.