Политичките партии имаат помалку од еден месец за да донесат нов закон за јавно обвинителство бидејќи Собранието треба да се распушти на 11 февруари поради предвремените парламентарни избори кои веќе се закажани за 12 април.

Објавил: Весна Петровска | 16 јануари, 2020 15:48

Наместо датум, ЕУ со утешна награда за Македонија од 50 милиони евра

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Првата посета во Македонија на новиот еврокомесар Оливер Вархејпомина одлично, но без никаква гаранција за датум за преговори со ЕУ. Вархеји, при неговата посета во средата, испрати јасна порака дека приоритет е носењето на Законот за јавно обвинителство од страна на овој парламентарен состав, како и спроведувањето на Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија. Еврокомесарот потенцираше и дека очекува успешни избори.

Политичките партии имаат помалку од еден месец за да донесат нов закон за јавно обвинителство бидејќи Собранието треба да се распушти на 11 февруари поради предвремените парламентарни избори кои веќе се закажани за 12 април. Аналитичарот Марко Трошановски смета дека барањето од Брисел за носење на Законот за јавно обвинителство е во насока на владеењето на правото.

-Сега за прв пат станува официјално и формално барањето од ЕК донесувањето на Законот за јавно обвинителство да биде услов за датум, што го става теретот на политичките партии да делуваат одговорно. Доколку партиите не го донесат овој закон, тоа би било целосно антидржавните интереси. Време има до распуштање на Парламентот за да се донесе законот. Прашање е на политичка волја и визионерство, а не на време, да се донесе тој закон, вели Трошановски.

Последниот збор е на Советот на ЕУ

Тој потенцира дека оптимистичките и охрабрувачки пораки од еврокомесарот дека треба да има позитивна одлука од Советот за отворање на пристапните преговори пред Самитот во Загреб во мај, сепак, се став на ЕК и предупредува дека веќе не можеме да си дозволиме подигање на очекувањата, затоа што последниот збор го има токму Советот на ЕУ.

Европската комисија идниот месец треба да го објави и мини извештајот за реформскиот напредок во Македонија и во Албанија. Земјите членки во март, врз основа на тој извештај, ќе одлучуваат дали двете држави се спремни за старт на преговорите. Вархеји рече дека Брисел сè уште не почнал да го пишува тој извештај. Еврокомесарот најави дека ЕК ќе се држи до првичната проценка дека Македонија и Албанија се спремни за почеток на преговори, но истакна дека земјава ќе испрати добра порака ако го донесе Законот за јавно обвинителство.

Повеќе прочитајте ТУКА

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести