Од полицијата е потврдено дека Тишма е уапсен заедно со два албански државјани.

Објавил: admin@magazin | 11 ноември, 2019 20:13

Нарко БРАТСТВО ЕДИНСТВО разбиено во Атина-Црногорец и двајца албанци на чело на мафијата: Запленети 104 кг кокаин и 800.000 илјади евра!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Црногорскиот државјанин 45-годишниот Милан Тишма, кој важи за лице блиско на криминалната група Јова Џуровиќ, уапсен е во Атина поради кршење на законот за дроги.

Тој е означен како водач на криминалната организација, а покрај него се уапсени две лица, државјани на Република Албанија.

Од полицијата е потврдено дека Тишма е уапсен заедно со двајца албански државјани. Во претресот на станот кои го користеле, грчката полиција пронашла 105 килограми кокаин и околу 800.000 илјади евра.

Како што пренесуваат грчките медиуми, трговијата со дрога ја решило Бирото за дрога заедно во соработка со американската агенција ДЕА.

Портпаролката на полицијата Јоана Розиокоу додаде дека во станот во Агиос Димитрос Атика, кој служел како ексклузивно складиште, одземени се 104 килограми и 114,7 грама која дрога кокаин, која била сместена во два 102 пакети со различни логотипи.

Таа додава дека шефот на криминалната организација е странец, кој бил одговорен за купувањето, складирање и дистрибуција и дистрибуција на големи количини кокаин, како и за следење на клиентите и управување со парите.

Против уапсените е подигната кривична пријава за кршење на законот за зависни супстанци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.