На 12 Јули Владата објави дека низ 15 градови во Македонија ќе се слави поканата за членство во НАТО и датумот за преговори со ЕУ.

Објавил: Македонка Димкин | 14 јули, 2018 21:52

Народот сепак ја препозна лажната вест, бојкотирана прославата на владата!

Фото/Текст извор: ©мagazin.mk

Владата објави дека низ 15 градови во Македонија ќе се слави поканата за членство во НАТО и датумот за преговори со ЕУ.
„Застануваме рамо до рамо со најсилните земји од Европа и светот. Македонија зачекорува во ново време. Време на надеж, на победи, на гордост. Време на сигурност и безбедност. Доаѓа време на подобар живот за сите граѓани тука во нашата земја. Се изборивме за сигурна иднина!

Ве покануваме оваа сабота, на 14 јули, да се обединиме и заедно да го прославиме историскиот успех на Македонија гласеше во пораката на Зоран Заев.

Од прославата во Штип 14.07.2018

Сепак денес Народот не наседна на лажната вест за наводната покана од Нато. Според многубројните дописи од наши читатели во Охрид имало максимално 150 посетители од кои околу 100 туристи, додека пак во Гостивар посетеноста се ограничила на 100 посетители , Велес околу 150 посетители, а во Штип околу 200 посетители што може да се види и на фотографијата што ја добивме од наш читател.

За сето ова според нашите проценки се потрошени околу 400.000 буџетски евра за таканаречениот клиентелизам, или едноставно речено легален поткуп на естрадата и однапред авансирање за партиските кампањи кои ќе следат за претстојниот Референдум.
Прашањето е сега дали владата ја разбра пораката од народот кого толку многу сакаше да го усреќи со поканата?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.