Како што изјави за бугарските медиуми началникот на Пожарникарската служба Николај Николов, во автобусот патувале 53 лица. Загинале 45, а останатите се пренесени во болница.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 ноември, 2021 6:14

Најмалку 45 лица загинале во сообраќајна несреќа на македонски автобус кој се враќал од Истанбул за Скопје

Фото/Текст извор: ©s.evropa

Најмалку 45 лица загинале во сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, кога се запалил автобус со македонски таблици што сообраќал на релација од Истанбул до Скопје.

Според првичните информации, во несреќата има и преживеани. Автобусот влегол во Бугарија од Турција преку ГП „Капитан Андреево“ нешто по 21 часот, а несреќата се случила околу 02 часот на автопатот „Струма“ на правецот Софија – Благоевград.

Како што изјави за бугарските медиуми началникот на Пожарникарската служба Николај Николов, во автобусот патувале 53 лица. Загинале 45, а останатите се пренесени во болница.

Сообраќајот во двата правци на автопатот е во прекин.

Сочувство за загинатите изрази премиерот Зоран Заев, кој бил информиран за несреќата од бугарскиот премиер Стефан Јанев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...