Како што известува „Лајм“ несреќата се случила за време на свадбена веселба, кога функционерот на ДУИ пукал без никаква намера да го повреди синот!?

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 јули, 2019 23:57

НАЈНОВА ВЕСТ: Пратеник на ДУИ со огнено оружје вечерва си го ранил синот!?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Како што објавуваат медиумите на албански јазик во Македонија, пратеник на ДУИ со огнено оружје вечерва си го ранил синот.

Како што известува „Лајм“ несреќата се случила за време на свадбена веселба, кога функционерот на ДУИ пукал без никаква намера да го повреди синот.
Инцидент се случил во вечерните часови, а според извори на АЛСАТ, еден од повредените се здобил со потешки рани од куршуми и истиот е однесен во клиниките во Скопје, додека вториот ранет е вон животна опасност и е задржан во болницата во Тетово, со полесни повреди.

Полицијата пристигнала на местото на настанот и го истражува случајот. АЛСАТ дознава од извори дека едниот од повредените е син на пратеникот Џеват Адеми, Ф.А додека вториот повреден, А.Б, е исто роднина на пратеникот. Сè уште не се знае кој пукал, бидејќи изворите зборуваат за истрели од повеќе лица во исто време за време на свадбената церемонија.

Нивните извори се уште не го откриваат идентитетот на пратеникот од ДУИ, туку само неговите иницијали Џ.А.

За сега не позната здравствената состојба на повреденото лице, а од полицијата се уште го немаат потврдено инцидентот. Потетални информации за несреќниот случај се очекуваат наскоро.

Полицијата апелира до граѓаните да се воздржат од пукање на свадби и други семејни свечености и потсетува дека пукањето претставува нарушување на јавниот ред и мир, а користењето на огнено оружје на овие свечености, исто така, може да резултира и со многу посериозни последици.

За ваквиот прекршок е предвидена казна од 200 до 500 евра во денарска противвредност.


 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...