Особено во втората половина од оваа недела, и тоа особено во ноќните и во претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и на ниска облачност!

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 ноември, 2020 10:50

НАЈНОВИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: И ВО СЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ДЕНОВИ СТАБИЛНО И БЕЗ ВРНЕЖИ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

И понатаму нашата територија ќе се наоѓа под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса, па така времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала, а денеска ќе имаме и локална позначителна облачност.

Исто така утре ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Особено во втората половина од оваа недела, и тоа особено во ноќните и во претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и на ниска облачност.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени, додека наутро ќе биде студено со минимални температури кој речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -1 степен.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...