Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.

Објавил: admin@magazin | 4 декември, 2020 11:27

НАЈНОВИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: ОД УТРЕ ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО И НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До крајот на денов времето во државава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, повеќе врнежи ќе има во јужните предели а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој на некои места ќе засилува.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 10 степени.

Потоа за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и значително потопло со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.

Особено во недела ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец а нов бран на врнежи ќе пристигне во недела навечер и во текот на ноќта кон понеделник кога ќе има и поинтензивни врнежи од дожд.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...