Како што би препорачале и нутриционистите јаболката е најдобро да ја консумирате свежа но може да направите превкусен и лесен есенски десерт од нив.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 ноември, 2019 10:26

Најпопуларниот есенски рецепт: Печени полнети јаболки со орев, мед цимет

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нема ништо поубаво во есен од мирисот на печена јаболка со мед и цимет.Секако јаболкото е едно од најпопуларните овошја кога станува збор за диетите, бидејќи се препорачува за намалување на килограмите.

Како што би препорачале и нутриционистите јаболката е најдобро да ја консумирате свежа но може да направите превкусен и лесен есенски десерт од нив.

Печените јаболки може да ги полните по избор, со ореви, лешници, и други јаткасти плодови, да додадете мед и цимет за подобар вкус…

Јаболкото има и до 40 отсто витамин Ц, а ги содржи и витамините А, Е, Б1, Б2, Б6 и бета каротен. Содржи и минерали како калиум, калциум, фосфор и железо.

Јаболкото содржи и шеќери, органски киселини, во многу мали количини и сите есенцијални и неесенцијални аминокиселини, арома и боја. Тие се богат извор на полифенол кој е корисен за организмот.

Се препорачува доколку имате пролем со надуеност неколку недели три пати во неделата да јадете по едно кисело јаболко, еден до два часа пред или после јадење.

За подобро варење – редовно јадење печени или готвени јаболка или компот од јаболко, посебно во зимскиот период.

Пробајте го лесниот рецепт за печени јаболка со мед и ореви:

Состојки:

5 јаболка

500 гр. ореви

6 лажици мед

Начин на подготовка:

Смелете ги оревите и промешајте ги со мед. Излупете ги јаболката, направете отвор во срединаta и сипете ја смесата. Печете ги на 200 степени околу 20 минути. На крајот, украсете со мед и ореви.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.