петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



На кобниот ден 26 јули 1963-тата година околу 1.070 луѓе го загубиле животот, а 3.000 биле повредени.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јули, 2019 11:25

Најтажната приказна од 1963: Ја фрлил ќерка му од четвртиот кат со се душек, само таа преживеала…

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На овој ден пред точно 56 години Скопје ја доживеа најтажната приказна. На овој ден се случи катастрофалниот земјотрес кој унипти буквално се, и го срамни Скопје за земја.

На кобниот ден 26 јули 1963-тата година околу 1.070 луѓе го загубиле животот, а 3.000 биле повредени.

Катастрофалниот земјотрес се случил во пет часот и 17 минити, а помали потреси имало до пет часот и 43 минути.

Скопски земјотрес од 1963 година — природна катастрофа која го зафатила градот Скопје. Земјотресот се случил на 26 јули 1963 година во 5:17 часот. Како резултат на земјотресот, од 1.000 до 1.100 жители ги загубиле животите, а најмалку 3000 лица биле повредени. Бројот на лицата без дом бил 200.000. Земјотресот од 1963 е еден од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија.

Скопскиот земјотрес се почувствува на простор од околу 50.000 квадратни километри. Од потресот беа урнати 15.800 станови, а оштетени беа 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава.

Но една случка сведочи за неверојатната љубов на родителот кон децата. Имено таа ноќ, како што сведочат соседите,во една скопска зграда таа ноќ само еден прозорец бил осветлен. Тоа кобно утро еден инженер работел на своите трудови кога се почнало да се урива. Освен тој, сите останати членови на семејството спиеле.

Немајчи многу време, инжинерот ја зел ќерката од креветот и заедно со душекот и со постелата ја завиткал и ја фрлил од четвртиот кат. За среќа успеал да ја спаси неа.

Девојчето во моментот се нашло во рацете на еден полковник, кој не можел да ја задржи и таа се лизнала на асфалтот.

Паднала, но падот бил ублажен. Девојчето било повредено, но останало живо.

Во земјотресот загинале инженерот, неговата сопруга и синот.

Зградата се урна по вториот потрес, раскажува еден сведок.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.