Стравот кај некои луѓе е ненадминлив. Кај секој човек постои различен страв и несигурност од нешто.

Објавил: admin@magazin | 6 февруари, 2022 11:10

Најчести стравови кај луѓето

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сите луѓе се плашат од нај различни нешта, некои пак се многу поплашиви од другите. Но, сепак, постојат стравови кои се почести и заеднички за многу индивидуи.

Ви претставуваме во продолжение на текстот дел од стравовите кај луѓето.

Страв од летање 

– Иако статистиката покажува дека авионите се најбезбедната форма на сообраќај, сепак овој страв котира највисоко на листата стравови кај луѓето.Во денешно време е најсигурно летањето со авион.Ако леташ со авион, нема причина да се плашиш. Следниот пат кога ќе тргнеш на некој долг лет, сети се дека контролорите на летање будно внимаваат на твојата безбедност. Затоа, навали се на седиштето, опушти се и уживај во летот!

Страв од јавно говорење 

– Овој страв е чест кај луѓето поради многуте погледи и внимание насочени кон нив кога зборуваат пред повеќе луѓе. Така, луѓето се плашат дека можеби ќе направат грешка или нема да им се допаднат на другите.

Страв од височини 

– Можеби подобро е да се каже „здрав од паѓање“ и тоа што може да се случи при падот од височина. Овој страв е трет на листата и чест кај многу луѓе.Некои луѓе имаат голема самодоверба во себе и исто така и страв од височина, воопшто не им претставува никаква пречка да дојдат до саканата цел.

Страв од темина 

– Овој страв е универзален за децата, а многу присутен и кај голем дел од возрасните личности. Тоа е поради тоа што во темнина се чувствуваме поранливи и сметаме дека не можеме да се заштитиме.Големата популарност на хорор филмови на светот е се поголема застапеност во телевизијата.И тоа додава уште поголем страв кај луѓето.

Страв од интимност 

– Иако многу луѓе би се изненадиле, сепак овој страв е петти на листата стравови кај луѓето. Во денешно време, многу луѓе се плашат од одбивање од друга личност, врзување или пак од тоа да бидат контролирани. Сето тоа, резултира со страв од интимност. Сите индивидуи се различни,некои одма се пуштаат во сексуална врска додека некој имаат многу страв од тој момент.

Страв од неуспех

– Сите се плашат од неуспех, или пак од судењето кое доаѓа од другите луѓе кога нешто не испаднало како што би требало. Многу луѓе се несигурни во себе дали ќе успеат или не.А додека некој гордо и со крената глава тргнуваат до саканата цел. Дали ќе достигнат успех или не,секој верува посебно и во својата интуиција!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.