Свети Василиј Острошски е еден од најпочитуваните српски светци.

Објавил: admin@magazin | 28 декември, 2019 21:41

НА ДЕНЕШЕН ДЕН Е РОДЕН ВАСИЛИЈ ОСТРОШКИ: Повеќе личел на АНГЕЛ наместо на ЧОВЕК

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешен ден е роден Свети Василиј Острошки или познат и како Чудотворец Свети Василиј.

Свети Василиј Острошски е еден од најпочитуваните српски светци.

Љубовта и молитвената блискост на овој светител ја почувствувале многу луѓе, како од Македонија, така и од повеќето земји од Балканот, но и светот.

Свети Василиј заминал за Света Гора, каде останал цела година, посетувајќи различни манастири и поучувајќи се од светогорските подвижници. Сепак, најмногу време поминал во манастирот Хиландар.

По враќањето од Атос, веднаш се јавил кај патријархот во Пеќ. Патријархот не сакал да губи време, и на празникот Преображение Господово го хиротонисал младиот Василиј за епископ Требињски на нецели триесет години. Враќајќи се во Тврдош, народот го пречекал со восхит и љубов, а тој продолжил со своите подвизи, во пост и молитва проповедајќи го Евангелието.

Уште тогаш се пројавил како голем чудотворец и бил почитуван како светец. И не одел само тој кај народот, туку и самиот народ како река се сливал кон него, гледајќи во него голем утешител и молитвеник. Покрај милостињата која ја правел, започнал да ги возобновува светите манастири во неговата епархија. Набрзо после тоа, митрополитот источно-херцеговачки пострадал маченички, и свети Василиј бил поставен како негов наследник во таа митрополија.

Чудата на гробот на Св. Василиј се безбројни. Кон неговите мошти притекнуваат и христијаните и муслиманите и наоѓаат исцеленија во најтешките маки и болести. Секоја година на Педесетница во Острог станува голем народен собир.

Но во тоа време, турските банди вршеле неред по херцеговачките цркви и манастири, и митрополитот бил принуден да го смени местото на подвизување.

Намислил да престојува во една ќелија под планината Заграча, но бил посоветуван од тамошните постари луѓе да се упати во Острог, што и го направил.
Од тоа место управувал со својата митрополија цели петнаесет години. Таму почнал да привлекува и други монаси и подвижници, обновувајќи ја црквата Воведение на Пресвета Богородица, изградена од старите острошки подвижници, а подоцна подигнал и црква на Чесниот и Животворен Крст. Живеел крајно испоснички, и неговото исушено тело станало храм на Светиот Дух. Луѓето ја почувствувале чудесната моќ на неговите молитви и за тоа Го прославиле Бога. Одржувал и постојани врски со патријаршијата во Пеќ.

Неуморен во своите подвизи на молитва и пост, физички труд и работа, како и грижејќи се за материјалните и духовни добра за својата паства, светителот се приближил кон крајот на својот земен живот.

Се упокоил мирно, без болки предавајќи ја својата душа на Господа на 29 април 1671 година. Во часот на неговото претставување пред Бога, неговата келија заблескала со необична и надземна светлост.

Од карпата покрај која се упокоил израснала винова лоза, иако во карпата немало ниту малку земја. Неговото тело било погребено под храмот посветен на светото Воведение на Мајката Божја. Народот започнал да доаѓа да се поклонува и моли на неговиот гроб, и започнале да се случуваат многу чуда. По некое време, светителот се јавил на сон на некој свештеник, и му рекол да го отвори неговиот гроб.

Овој не го послушал, па затоа уште неколку пати свети Василиј му се јавувал на сон. Откако почувствувал дека треба да оди во Острог и да го стори тоа, свештеникот се упатил кон Острог; откако се дале на пост, после седмиот ден го отвориле гробот, и го виделе неговото нетрулежно тело, жолто како восок од кое излегувало благопријатна миризба на босилек. Телото било пренесено во самата црква, каде што се наоѓа и денес.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.