Македонецот е научен да критикува дури и кога истовремено се критикува сам себе преку трети лица, плашејќи се да открие дека тој што го критикува е всушност самиот тој.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 ноември, 2018 14:01

На Македонија ѝ претстои не само битка за одбрана на името туку и РЕФОРМИ во заостанатиот балкански менталитет

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин.мк

Кога јас би влегол во македонската политика, сигурен сум дека најмалку првите четири години ќе ме мразат сите бизнисмени и „мајстори„, а и сите пратеници. Но, во вторите четири години ќе бараат да се вратам и да ги водам.

На Македонија ѝ претстои не само битка за одбрана на името туку и ЕДУКАЦИЈА и РЕФОРМИ во заостанатиот балкански менталитет. Колку побрзо се едуцираме, толку побрзо ќе го „фатиме возот„ на прогресот кој веќе одамна кружи низ светот.

И да не бидат тоа првите вагони, најважно е да не бидеме надвор од возот.

Македонецот е научен да критикува дури и кога истовремено се критикува сам себе преку трети лица, плашејќи се да открие дека тој што го критикува е всушност самиот тој. Така често се критикуваат „мајсторите„: не биле точни навреме, како ветувале, па „мајсторите„ не добиле пари, а всушност тоа се тие, истите кои не доаѓаат на време, кои лажат и се служат со интриги.

Потоа проблемот со 200 евра плата, додека  Facebook е преплавен со слики од куќни слави со богата трпеза, а децата, сеедно дали таткото  е адвокат или заварувач се сликаат по забави и прослави.

Земјоделството, работата, трудот очигледно никого да не го интересира, приоритет е да се слуша „странска„ музика (претежно српска), додека оние кои слушаат македонска музика ги етикетираат како „назадни и примитивни„…

Тој феномен не е од денес, тоа беше и многу одамна, дома немаше леб да јаде ама важно пред другарите ќе спомнеше дека слушал AC/DC .

И како понатаму? Ако овој менталитет остане ваков, да отидеш во традиционален рибен ресторан во Охрид, а бидеш принуден да ја слушаш Шемса Сулјаковиќ, тоа боли, боли бе, боли тоа уште повеќе кога ќе видиш дека шефот на ресторанот седнал со цигарите во уста и „дроби„, галами за политика, наместо да се прошета по масите и да види дали се задоволни гостите, да слушне мислење од нив…

Васко Белески по потекло е од село Климештани, одраснал во Охрид за во раните студентски денови да замине на понатамошно школување во Швајцарија. Неговиот пат, како што тој често знае да каже бил трнлив, но издржлив, го почнал од најниско од работа во кујни, ресторани па се до висок Менаџер во една голема германска фирма, кога пак  својата кариера ја крунисува со уште една диплома од Маркетинг и тој станува Маркетинг Менаџер со насока Промоција и Комуникации. Во 2006 година ја отворил својата прва фирма која што подоцна прераснува во Facility Management а во 2008 го креира и првиот Бренд “DiarFace” специјално за понежниот пол.
На Македонската јавност Белески сепак не и познат по неговата струка туку повеќе по неговиот музички стил на обработка на Македонски. Но Белески исто така не остана незабележлив во 2014 г  каде што, што благодарение на неговото менаџирање,  Даниел Кајмакоски победи на престижниот фестивал во Белград X-Factor. Последниве години пак Белески е активен поддржувач и застана со став и стил во одбраната на Република Македонија, а за време на референдумот беше специјално дојден од Швајцарија со националната телевизија каде што тој им се обрати на Швајцарците и отворено застана на страната на БОЈКОТИРАМ. Дали Белески со денешниов пост всушност најавува влез во политиката? Или пак ова е уште една порака кон политичарите кои се загубиле во времето и просторот окупирани со сами себе. /Фото Фејсбук 

Народот не беше задоволен од еден „диктатор„ кого го сметаа за „режим„ па се појави друг, со надеж за живот, вети сѐ и сешто, плати од 500 евра, 300 км автопатишта, бесплатно здравство за сите (дури бесплатно за лекување во странство), и така времето си минува ли си минува, додека Facebook групите по Германија, Швајцарија и Австрија се преплавени од нив, бараат помош, истите оние кои до пред некое време ја плукаа дијаспората со познатиот слоган: „…дојди овде да живееш со 200 евра!„, сега истите молат за помош од дијаспората, заборавајќи притоа дека фрлале со камења по неа без причина.

И да ги има многу, цели семејства кои благодарение на „мајка Бугарија„ која со еден ефтин трик ги „побугарчи„, несфатлива е ситуацијата зошто Македонецот во себе молчи и трпи. Молчи и сега кога на истиот тој Македонец му се менува име, идентитет, кога власта арогантно и дрско си тера семејни бизниси, непотизмот на голема врата влезе во државните фирми каде што најмногу се заработува, а овие другите што излегуваат на улица и се осмелија да застанат на браникот, повторно се етикетираат како ВМРО-вци, прости и неписмени.

„Едно општество за сите„ – крикна Заев и се приклучи кон Шарената револуција за кое беа потрошени повеќе од 5 милиони евра, за да прават хаос, да ја навредуваат истата оваа полиција која денес тепа, а тогаш стоеше мирно додека им фрлаа боја врз нивните лица.

„Заев ќе правел чуда, ќе правел големи нешта„ – личност кој во денот лаже-суши безброј пати, иако убеден сум дека и самиот тој Заев не знае што е тоа „едно општество за сите„, ниту пак некој му кажал, тоа не е да газиш на црвен тепих и да демонстрираш кроење на лозје, тоа не е да ветуваш живот а во исто време да го малтретираш и прогонуваш својот народ, само и само да го спасиш својот задник кој очигледно дебело е загрижен од оние кои го фатиле на дело, од истите оние кои ги имаат неговите лични бомби, кои пак ќе протечат во етерот оној момент кога тој ќе биде неупотреблив и безвреден.

Затоа, кога јас би влегол во политика, место за интриганти, лажговци, самобендисани и  неискрени луѓе нема да има. Јас ги вреднувам луѓето само според критериумите на вистински вредности, а оние лажните и несигурни во себе ги праќам на ре-едукација, им давам можност да разберат дека основниот концепт на животот не се состои од тоа едни да живеат а други да бидат нивни робови.„ 

 

Васко Белески, Базел, Швајцарија
25, ноември 2018

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...