Кривичниот Суд Скопје денес ја ги прифати финансиските гаранции и ја укина мерката куќен притвор на претеникот на ВМРО - ДПМНЕ, Сашо Василевски

Објавил: Мартин Попоски | 16 октомври, 2018 13:28

На пратеникот Сашо Василевски му е укинат притворот, се приклучува кон собраниската седница

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

На Обвинетиот пратеник од ВМРО – ДПМНЕ, Сашо Василевски, денеска му е укинат домашниот притвор.

Неофицијално утринава е донесено решение во Кривичниот  суд дека паричната гаранција која ја понудил му е прифатена и одредени му се мерки на претпазливост.

Тоа значи дека Василевски од сега ќе може да присуствува на пленарните седници во Собранието.

Во куќен притвор засега остануваат неговите колеги Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, кои исто така имаат поднесено жалби на ваквата мерка.

Од обвинителството за организиран криминал посочија дека нема да се жалат на одлуката Василевски да не биде веќе во домашен приотвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести