НАПОМЕНА: Овие температури се ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината.

Објавил: Перо Милчин | 6 март, 2022 15:37

НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕН БРАН ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА – И ПОНАТАМУ ЌЕ ИМА НОВИ ВРНЕЖИ ОД СНЕГ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До крајот на денов и вечерва времето ќе биде облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи претежно од снег.

На планинските места снежната покривка же се зголеми дури за 20 до 30 цм, а нова ќе е формира и на некои пониски места, и тоа особено во западните и во југозападните предели и истата локално ќе биде со висина од над 15 цм.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од снег.

Повремено врнежите има услови да преминуваат во дожд и снег, или влажен снег. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Потоа во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со повремени врнежи претежно од снег. Снежната покривка на планинските места ќе продолжи да се зголемува, додека нова ќе се формира и на некои пониски места, а таму каде што ја има на пониските места истата ќе се зголемува. Особено од среда ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Што се однедува до температурите, минималните ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени, додека од средината на неделата истите понекаде ќе се спуштат дури идо -10 степени, а на планинските места и под -10 степени. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени, а од средината на неделата истите ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 6 степени.

НАПОМЕНА: Овие температури се ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...