Песната е објавена во 1994 година, а е една од најпознатите божиќни поп нумери. Оваа песна и донесе голема заработувачка на пејачката пишува Си-ен-ен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 декември, 2019 17:55

Нема да верувате колку пари заработила Мараја Кери од божиќниот хит

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ова е период од годината кога речиси секој од нас понесен од новогодишната еуфорија и големиот празник Божиќ, си ја потпевнува хит песната „All I Want For Christmas Is You“ од Мараја Кери.

Песната е објавена во 1994 година, а е една од најпознатите божиќни поп нумери. Оваа песна и донесе голема заработувачка на пејачката пишува Си-ен-ен.

Пејачката заработила повеќе од 60 милиони долари на сметка на авторски хонорари од песната, според проценката на „Економист“ за 2016 година.

Можеби ќе звучи неверојатно но оваа песна „All I Want For Christmas Is You“ иако се емитува веќе 25 години, годинава за првпат се најде на врвот на листата на „Билборд Хот 100“ годинава.

Се очекува оваа година  Кери да заработи околу 600.000 долари помеѓу ноември и Божиќ.

Благодарение на оваа песна пејачката заработила повеќе од 60 милиони долари и тоа од авторски хонорари од песната, според проценката на „Економист“ за 2016 година.

Мараја Кери е родена 27 март 1970 и е американска R&B/поп пејачка-текстописец, снимачки продуцент и актерка.

Кери за првпат снимила албум во 1990 година, под контрола на претставникот на Columbia Records, Томи Мотола, по што станала првиот артист кој имал пет топ десет синглови на табелата Билборд Хот 100 во САД. По нејзиниот брак со Мотола во 1993 година, следеле уште неколку хит песни вклучувајќи ги и „Dreamlover“, „Hero“ и „Without You“ од дијамантскиот албум Music Box.

Во април 2016 година излегол нејзиниот компилациски албум „No. 1 to infinity“, кој ги содржи сите 18 песни што стигнале на врвот на топ-листата на „Билборд“, како и една нова песна со наслов „Infinity“. Таа имала и редовно шоу во Лас Вегас, а во 2015 година го режирала телевизискиот филм „Божиќна мелодија“, во кој играла и една од главните улоги. Во 2015 година, Кери потпишала повеќегодишен договор со издавачката куќа „Епик“. На 4 декември 2016 година, на каналот „Е!“ започнало емитувањето на документарното реално шоу „Светот на Мараја“, составено од осум епизоди во кое биле прикажани делови од снимањето на новиот албум, подготовките за европската турнеја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.