Како домаќин ги пречека гостите и заедно со нив се фотографираше, охриѓани можеа да го т и како ги шета низ охридската чаршија, кафетерии, но и покрај брегот на Охридското Езеро.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 ноември, 2019 10:38

НЕМА ДА ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ: Бранко Црвенковски без брада и со нов имиџ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

 

Бранко Црвенковски, поранешниот претседател на Република Македонија,три дена беше домаќин на поранешните претседатели на земјите од Балкан во Охрид.

Поранешниот претседател на Македонија Бранко Црвенковски со нов имиџ фото Весник.мк

Како домаќин ги пречека гостите и заедно со нив се фотографираше, охриѓани можеа да го забележат и како ги шета своите гости и поранешни колеги низ охридската чаршија, им ги презентираше познатите охридсли локали, но и одвоија време за прошетка покрај брегот на Охридското Езеро.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски во чест на посетата на поранешниот претседател Бранко Црвенкоски и неговите гости во Охрид, организирал свечен ручек во Хотел „Нова Ривиера“  каде неизоставно било и фотографирање со претседателот Црвенкоски., јавува Охридскај

Но она што ќе ви го замрзне погледот е токму фотографијата на која поранешниот претседател Бранко Црвенковски изгледа многу подмладен.

Имено Црвенковски повеќе не носи брада па дури е и непрепознатлив.

Бранко Црвенковски (12 октомври 1962 во Сараево, СР БиХ) — македонски политичар од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и поранешен претседател и премиер на државата. Во текот на својата политичка кариера бил премиер на Македонија во периодот од 1992 до 1998 и од 2002 до 2004 година, како и претседател на Македонија од 2004 до 2009 година.

Активната политичка кариера на Бранко Црвенковски започнала во 1990 година, кога станал член на Претседателството на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

На парламентарните избори во 2002 година СДСМ повторно ја освоил власта заедно со партнерите од коалицијата „За Македонија заедно“, при што со политичките сојузници од коалицијата освоиле 60 од вкупно 120 пратенички места во парламентот. Така по крајот на изборите, во 2002 година повторно застанал на премиерската позиција.

 

Средба на претседателот Бранко Црвенковски со претседателот на Русија, Дмитриј Медведев во Санкт Петербург, 7 јуни 2008

На третите вонредни Претседателски избори во Република Македонија, во вториот круг одржан на 28 април 2004, Бранко Црвенковски бил избран за претседател на државата. Црвенковски, кандидат на СДСМ и тогашен премиер на Република Македонија освоил 553.520 гласови, или 62,70% од гласовите, додека неговиот противкандидат Сашко Кедев, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, освоил 329.271 гласови, или 37,30%.

На 12 мај 2004 ја презел функцијата претседател и се повлекол од премиерската положба и претседателската функција во партијата. За време на претседателскиот мандат на Црвенковски, Република Македонија станала земја-кандидат за прием во Европската унија. На функцијата Претседател на Македонија се задржал до 12 мај 2009 година.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.