Владата на Македонија абер нема каде да го лоцира новиот Клинички за кој секако ке земе нов кредит, но има пари за јавна набавка на 20.000 лубриканти за ЛГБТ здружение

Објавил: Мартин Попоски | 9 октомври, 2018 13:54

Нема Клинички во Бардовци, Владата троши на уставни измени и лубриканти

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Бардовци најверојатно нема да биде локацијата на новиот клинички центар, кој нема да се гради за скоро.

Бројните приватни парцели и финансиите потребни за решавање на имотно правните односи ги предомисли здравствените власти.

До Злокуќани под обиколницата е новото место што го разгледува работна група од Министерството за здравство, кое било целосно државно земјиште. Иако пред седум месеци беше промовирана идејата за новиот клинички кампус, сега останува неизвесно кога и каде ќе биде изграден најголемиот медицински центар.

Работна група разгледува и други локации но во тој предел, овде ќе требаше да потрошиме многу пари што е без потреба трошок. Не сакакме да се обврзуваме кога ќе почне изградбата за да не избрзуваме, бидејќи сега комисија работи на тоа и сакаме се да биде дефинирано. – вели Венко Филипче, министер за здравство.

Во комисијата која утврдува како ќе треба да изгледа новиот клинички центар има и странски епскерти а од Министерството за здравство повторно очекуваат кредит од Банката при Советот на Европа.

Ако се биде како што треба, и тоа што тие го бараат, очекуваме да добиеме кредит. – вели Филипче.

И додека пациентите и медицинскиот персонал чекаат подобри услови за лекување и за работа, се уште не се знае кога Македонија ќе добие нов клинички. Изминатите 10 години сите министри за здсравство најавуваа современ здравствен комплекс, но никако да бидат удрени темелите на тој објект.

Но затоа Владата има приоритети.

Бизарна јавна набавка осамна вчера на страницата на Бирото за јавни набавки, со државни пари ќе се набавуваат 20.000 шишиња со лубрикант за “Здружението на граѓани Еднаквост за геј и лезбејки ЕГАЛ Скопје.”

Во тендерската документација стои дека оваа невладина организација во склоп на “Програма за заштита на население од ХИВ во Република Македонија 2018” со државни пари, ни помалку, ни повеќе ќе набавува 20.000 шишиња лубриканти. Понудите за набавка на лубрикантите, заинтересираните компании може да ги достават најдоцна до 15-ти месецов.

Во техничката спецификација е наведено дека лубрикантите треба да бидат без вкус, без мирис и без боја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести