СМК бара Софија да се извини за сите историски и општествени неправди и ѕверства врз Македонскиот народ и Евреите од Македонија!

Објавил: Перо Милчин | 15 ноември, 2020 11:20

НЕПРИФАТЛИВО Е АЛБАНЕЦ ДА ГО РЕШАВА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ СО СОФИЈА!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

И покрај леснотијата со која се информира јавноста дека марионетската влада на Заев ќе ги прифати условите на Бугарија за одржување на Меѓувладината конференција меѓу Македонија и Европската Унија во декември годинава, Светскиот Македонски Конгрес (СМК) упатува најостра критика кон индолентноста на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Чест кон родот на министерот за надворешни работи, но НЕ МОЖЕ Албанец да го решава македонското прашање со Софија!

СМК ги предупредува Владата и Собранието, дека Македонците не се Бугари, Македонскиот јазик не е дијалект на бугарскиот јазик, Македонија не е дел од Бугарија, македонската историја не е дел од бугарската историја, Македонската Црква не е ќерка црква на Бугарската Црква, Македонскиот народ не е политичка нација креирана од Белград, КПЈ, Тито, Коминтерната, Цвијиќ и Новаковиќ – тоа се црвените линии за кои не се преговара, за кои не се постигнува компромис со никаков договор!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

Македонскиот народ не може да ја избрише окупацијата од фашистичка Бугарија врз Македонија во времето на Втората светска војна, ѕверствата врз Македонскиот народ и депортацијата на Евреите од Македонија во концентрациониот логор во Треблинка во Полска!

СМК бара Софија да се извини за сите историски и општествени неправди и ѕверства врз Македонскиот народ и Евреите од Македонија!

СМК истовремено укажува дека правото на самоопределување и самоидентификација на Македонскиот народ не значи ПОСТОИМЕ од 1944 или од 1934 година! Правото на самоопределување и самоидентификација на еден народ значи право на етногенеза, јазик, култура, историја и територија!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Затоа НЕ во ЕУ! НЕ во НАТО! Соработка ДА, со сите, врз основниот принцип на межуанродното право на еднаква сувереност: взаемно почитување и разбирање, соработка со сите по прашањата од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи! Народот ја даде довербата на една партија која за жал само го евидентира велепредавството на марионетската влада на Зоран Заев и не бега од ЕУ и НАТО, иако знае дека после Атина не чека Софија и другите додека не’ снема!
Од лаги не се живее, предавството не е демократија!

За Македонците неспорни се Бугарите како политичка нација со своја културна идентификација. Но, постоењето на Македонија и Македонскиот народ не зависи од признавањето на Бугарија, како што постоењето на Бугарскиот народ и Бугарија не зависи од признавањето на Македонија. Разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика не треба да бидат пречка за соработка по сите прашања од заеднички интерес, но без мешање во внатрешните работи и на реципроцитетна основа!

СМК бара министерот за надворешни работи на Македонија поради конфликт на интереси да се изземе од процесот на преговори со Софија за санстефанските апетити на Бугарија кон Македонија, имајќи го предвид договорот меѓу Тирана и Софија за признавање на непостоечко бугарско малцинство наместо Македонците во Албанија, а поради заканите на Софија со вето врз барањето на Албанија за членство во Европската Унија доколку не ги прифати Македонците во Албанија за Бугари!

СМК повикува на безусловно распуштање на заедничката комисија за ревизија на македонската историја и еднострано раскинување на договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година, бидејќи е ништовен според Виенската конвенција за договорно право од 23 мај 1969 година и подлежи на кривична одговорност во согласност со Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд од 17 јули 1998 година, ратификуван од Собранието на Македонија на 30 јануари 2002 година (“Службен весник на Република Македонија“ број 12/2002)!

СМК апелира до Македонците членови на заедничката комисија за ревизија на македонската историја да си поднесат безусловна и неотповиклива оставка доколку не сакаат да бидат впишани во диптихот на учесниците за велепредавство на Македонскиот народ и државата Македонија и да одговараат пред судот на народот, историјата и правдата!

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, ја отфрлаат новата политичка историја за Македонскиот народ и Македонија креирана од заедничката комисија на Заев и Борисов!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...