После неизвесните избори во Израел

Објавил: Узунов Бобан | 10 април, 2019 10:41

Нетанјаху во Израел со рекорден петти мандат

Фото/Текст извор: ©магазин

Премиерот Бенјамин Нетанјаху најверојатно ќе го добие рекордниот петти мандат откако речиси комплетните резултати од изборите во Израел сугерираат дека ќе има нова десничарска коалиција. 

Бенџамин “Биби” Нетанјаху  роден на 21 октомври 1949 година) е израелски политичар кој служи како 9-ти и премиер на Израел од 2009 година, претходно држејќи ја истата позицијата од 1996 до 1999 година. Нетанјаху моментално е член на Кнесетот и претседателот на партијата Ликуд. Тој е првиот израелски премиер роден во Израел по формирањето на државата.
Роден во Тел Авив до секуларни еврејски родители Нетанјаху се приклучил на израелските одбранбени сили непосредно по шестдневната војна во 1967 година и станал лидер во тимот во единицата за специјални сили Сајерет Маткал.  Нетанјаху се борел во рациите на специјалните сили на Израел долж Суецкиот канал, а водел тим на командоси при упад на територијата на Сирија. По дипломирањето на МИТ Нетанјаху бил регрутиран како економски консултант за консултантската група во Бостон. Нетанјаху се вратил во Израел во 1978 година за да го основа институтот за борба против тероризмот Јонанан Нетанјаху, именуван по неговиот брат Јонатан Нетанјаху, кој починал во операцијата Ентебе. Нетанјаху беше израелски амбасадор во Обединетите нации од 1984 до 1988 година.

Неговата партија Ликуд се очекува да заврши со сличен број места како и центристичкиот сојуз Сино-бело на Бени Ганц.

Но Ликуд и десничарските сојузници ќе бидат најголемиот блок со 65 места во 120-члениот Кнесет, објавија локалните медиуми.

И покрај тоа што 69-годишниот премиер се соочува со наводи за корупција, резултатот од изборите значи дека тој може да стане премиер на Израел со најдолга служба, надминувајќи го основачот на Израел, Давид Бен-Гурион.

Излезните анкети предвидоа тесна трка без јасен победник, поради што и Нетанјаху и Ганц синоќа прогласија победа.

„Владата ќе биде десничарска, но јас ќе им бидам премиер на сите“, им рече Нетанјаху на поддржувачите.

„Многу сум трогнат што народот на Израел пет пати ми даде доверба, дури уште повеќе отколку на претходните избори. Имам намера да бидам премиер на сите граѓани на Израел. Десница, левица, Евреи, неевреи, сите граѓани на Израел“.

Ниту една партија никогаш нема освоено мнозинство во израелскиот парламент од 120 места и владите отсекогаш беа коалициски. 

Партијата на премиерот Нетанјаху  Ликуд – Национално либерално движење е централно-десничарска партија во Израел. Таа по идеологија е конзервативна и се придржува кон националниот и економски либерализам, а исто така е и секуларна партија. Основана е во 1973 година од Мемахем Бегин и Ариел Шарон во коалиција со неколку други десничарски партии. Убедливата победа на законодавните избори во 1977 година ја запишала Ликуд во политичката историја на Израел, така што за првпат левицата ја изгубила власта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести