Таа е на сцената повеќе од 35 години и зад себе има голем број хитови, но се уште се труди да изгледа беспрекорно како и порано. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 ноември, 2019 15:35

Не била секогаш совршена: Лепа Брена открива како ослабнала 17 килограми

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата српска пејачка Лепа Брена и покрај тоа што веќе е во поодминати години, изгледа прекрасно. 

Таа е на сцената повеќе од 35 години и зад себе има голем број хитови, но се уште се труди да изгледа беспрекорно како и порано. 

Иако сите ја знаеме како совршена, која никогаш немала килограм плус, сепак таа реши јавно да проговори и кажа како успеала да ослабне за само шест месеци.

Фахрета Живојиновиќ е родена во Тузла, 20 октомври 1960 , Босна и Херцеговина) позната под името „Лепа Брена“ е југословенска фолк и поп пејачка, и естраден менаџер. Таа е сопруга на тенисерот Слободан Боба Живојиновиќ.

Брена призна дека со посебен начин на исхрана од 84 килограми успеала да стигне до 67.

Таа за српските медиуми неодамна откри дека на почетокот на својата кариера се борела со вишокот на килограмите и открива дека изгубила дури 17 килограми, а причината поради нејзиното ослабување била коментарот на еден келнер во хотелот во кој настапувала.

-Јас очекував дека ќе дојде пејачката, а дојде трафостаница, искоментирал келнерот на бендот на пејачката.

Брена го слушнала и признава дека тоа ја погодило.

-Мене тоа ме погоди и тоа многу сериозно, а малку и повреди. Кога ослабев повеќе од 10, 12, 13 килограми, тогаш сакав моето тело да го доведам до совршенство, вели пејачката.

Во интервјуто Брена открива како почнаа да се храни здраво и вели дека наутро јадела по две јајца, попладне посна супа без маснотии, секако месо пречено на скара или пак варено.

Пејачката открива и дека последниот оброк важно е да биде до 18 или 19 часот навечер.

-Тоа треба да биде лесна храна. Може исто јајца, конзерва риба, секако сето тоа со салата.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.