Пејачката ги демантираше гласините дека бара богаш шеик, и вели дека во Дубави оди само за одмор.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 јануари, 2020 11:07

Не сакам да фатам шеик иако сите се вртат по мене- Дара Бубамара ужива во Дубаи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Контроверзната српска пејачка Дара Бубамара ги спакува куферите и замина во Дубаи. Таа постојано на својот официјален инстаграм профил поставува провокативни фотографии. Во описот на последната фотографија која ја сподели пејачката се пофали со бујното деколте и облините за кои рече дека во мажите во Дубаи полудуваат. Се пофали дека кога шета во продавници сите се вртат по неа.

Дара обожува да одмара во Дубаи!

„Воопшто немам желба да најдам некој богат шеик, ниту пак да сретнам било кој друг. Кога и да сум во Дубаи одам во хотел каде што има се. Секогаш сум со пријатели или со синот.Ако излезам некаде тоа е плажа, а се враќам во хотелот и си легнувам во 9, баш витински одмор. Ако некој шеик ме види, тоа би било во продавници.Тогаш сите се вртат по мене бидејќи сум „плава“ и имам облини. Сепак мило ми е кога ме гледаат сите, но немам намера да најдам шеик при толку наши згодни момци- вели Дара.

Пејачката ги демантираше гласините дека бара богаш шеик, и вели дека во Дубави оди само за одмор.

Дара и пред две години уживаше на песочните плажи во Дубаи, но и тогаш стоеше на истиот став дека не сака шеик, но тогаш откри дека не се нејзин тип. 

“Не обрнував многу внимание на шеиците бидејќи отидов да се одморам. Преку ден се капев, сончав и уживав, а навечер одев на шопинг. Се разбира, забележав дека ме меркаат, но ништо не се обидоа. Тие сакаат да се вратат и да гледаат атрактивна русокоса, но што да им правам, не се мој тип. Би го одбила секој што би ми пришол, нема пари поради кои би била со некој од нив”, рече тогаш Дара.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.