Сето тоа во рамките на сдсмовската кампања на оцрнување на критичарите на власта, што е во полн ек.

Објавил: admin@magazin | 14 декември, 2019 10:09

НЕ СЕ НАДЕВАЈТЕ НА МОЈ “НОВИНАРСКИ ПОГРЕБ”: После јануари јас ќе ПУКАМ ќе го вадам ТОПОТ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Героски има врска со Горан Живаљевиќ (претставникот на српската безбедносна служба кој се најде во парламентот на 27 април); следствено, Героски има врска со упадот и со крвавите настани; заклучок, Героски го раскрвавил Заев. Едноставна, грда манипулација. Пали кај простата маса. Нормално, целта е да се оцрни мојот лик.

Прочитајте го насловов на порталот Фронтлајн: „Живаљевиќ, потстанарот на Героски”.
Уау!!!
Фотографија: драматични сцени од упадот во Собранието на 27 април 2017 година, Заев во преден план, целиот раскрвавен.

Леле, леле, леле!
Пораката е јасна – Героски има врска со Горан Живаљевиќ (претставникот на српската безбедносна служба кој се најде во парламентот на 27 април); следствено, Героски има врска со упадот и со крвавите настани; заклучок, Героски го раскрвавил Заев. Едноставна, грда манипулација. Пали кај простата маса. Нормално, целта е да се оцрни мојот лик.

Сето тоа во рамките на сдсмовската кампања на оцрнување на критичарите на власта, што е во полн ек.
Од сите својства и функции во кои Живаљевиќ официјално престојувал во Македонија (во два одвоени мандата), како акредитиран дипломат, авторот Јане Ѓорѓиоски ја избрал функцијата „потстанар на Героски”. Т

ака и го стокмил насловот. А фотката во манипулативен контекст е цреша на тортата. Браво, Фронтлајн! И Гебелс не би го одработил ова подобро.
Пусти Јане, напишал дека порталот Фронтлајн добил информација дека Живаљевиќ бил мој долгогодишен потстанар. Ја открил Америка. На ова прашање досега сум одговорил барем три пати. Ајде пак…

Да, фронтлајнери, Живаљевиќ беше мој потстанар од 2008 до 2014 година. Како што биле и други дипломати и странци. Но, три години пред настаните од 27 април, Живаљевиќ го напушти мојот стан и замина на служба во Загреб. По неговото повторно враќање во Македонија, човекот си избра друг стан. Од тогаш до неговото заминување, односно протерување, го немав видено.
Тоа е вистината. Во 2017 година, Живаљевиќ не е мој потстанар. Дури и да бил, тоа не би значело ама баш ништо. Но, вистината е дека тогаш не бил мој потстанар. Таа вистина на Јане не му одговара, па ја скрил на дното на текстот. Подмолно. Онака, фронтлајнерски.
Инаку, во годините кога Живаљевиќ беше во мојот стан, се среќававме ретко.

И не бистревме политика. Тој знаеше кој сум и како „дишам” и беше максимално коректен. Јас знаев кој е и што работи и не поставував прашања. Патем речено, Живаљевиќ официјално комуницирал и соработувал со македонските безбедносни служби.
На прашањето доставено по мејл до мене, од новинарка на Фронтлајн (Јане, нормално, не ми се јави, тој е само „пукачот” од стрелачкиот вод), возвратив брзо, со јасен и прецизен одговор.

Потоа на новинарката и се јавив и ја замолив да обрне внимание на обврските што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци. Љубезната Билјана се заблагодари за брзиот одговор и ми објасни дека добила задача само да ми го постави прашањето.
Потоа му напишав две куси пораки по СМС на уредникот Џабир Дерала, со кого долги години пријателуваме и соработуваме. Еве ја првата порака:
„Одговорив на мејл на прашањето на Билјана од Фронтлајн, оставив број за комуникација и мислам дека би било коректно да ме побара заради некои дополнителни објаснувања.

Каква и да е намерата… Поздрав.”
Ова е мојата втора порака до уредникот Дерала:
„Се чувме со Билјана. Џабир, не знам која ви е идејата, ама чисто да го знаеш клучниот факт – во периодот кога Живаљевиќ ги спроведува своите спорни активности во Македонија (апропо 27 април), во својот втор мандат тука, тој не живее во мојот стан. Ако натаму ја терате приказната, ќе промашите. Ова другарски, те молам не го чувствувај како притисок од моја страна. Терајте си слободно по плану и програму рада“.

По овие две пораки, уредникот ми се јави, ми се извини што не ми одговорил веднаш (му паднала батеријата на телефонот), ми рече дека го видел мојот одговор и дека текстот нема да оди, бидејќи е јасно дека за време на настаните во 2017 година Живаљевиќ не е мој потстанар. Така рече уредникот, можам да се заколнам, а верувам дека и тој самиот до толку е чесен ова да го потврди.

Текстот немало да оди… Е отиде!
Обврската да се пласира манипулацијата, да се оцрни критичарот на власта, „суетниот” Героски, да се лаже при тоа, изгледа била посилна од убедувањето на уредникот. И поважна од нашето долгогодишно другарување, како и од нашата долгогодишна соработка, меѓу Плусинфо и Цивил. Страшно разочарување!
По објавувањето на текстот на извршителот Јане Ѓорѓиоски, на колегата Џабир му испратив уште една порака по СМС. Ова е таа порака:
„Фала Џабир. Текстот за мене и за Живаљевиќ е класична пропагандна конструкција. Срамно! Многу ми е жал што таков треш се појавува во медиум што ти го уредуваш. Но ете, веројатно со нешто лошо сум те задолжил… Поздрав и имај убав ден.”

И тоа беше сѐ. Не му се лутам и навистина ми е жал што Џабир морал вака да си го извалка образот. Никогаш не сум можел да разберам што може човека да натера вака да постапи, да објави ваква бедна манипулација и да оцрни и да повреди човек со кого другарувал и соработувал. Јане ми е јасен, од такви како него тоа се очекува. Но Џабир?! Него го знам како чесен човек и искрен пријател и соборец.
Нејсе, тоа е тоа. Живот пише романе…

Другарчиња, гледам дека терате жестока кампања против мене. Ако. Не ви се плашам. Не сум криминалец. Не сум корумпиран. Не сум клиентилист. Никој во моето семејство не работи во администрацијата. Имам имот што сум го стекнал легално. Плати и хонорари сум земал легално. Кај мене нема кешарици, пола-пола, рекетирање. А бре никогаш во животот ни кредит немам земено.

Проверен сум најмалку два пати. Следен сум и електронски и физички. И бидејќи не можете да ми пронајдете „црно под ноктите”, ете, ви останува да пласирате вакви измислици и манипулации, вакви глупости.
Ама ако, велам, само вие терајте. Немојте да ме штедите.

И занесувајте си се дека ова е мојот „новинарски погреб”. Пукајте со тоа ќорците и петардите. Ви давам фора, другарчиња. А потоа, некаде во јануари, таму после празниците, како што веќе најавив, јас ќе пукам.

Но, не по шајшутките од стрелачкиот вод. Тие се небитни.

Нив ќе ги гаѓам со дијаболи за воздушна пушка. Онака, за забава. Не, другарчиња, во јануари јас го вадам топот. Тешка артилерија за тешки мети. И тоа онака, на мој начин, знаете веќе како…

Дагау!!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...