Инаку сопругата на Шумахер пред околу една недела испрати мистериозна порака со што ја замисли јавноста. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 декември, 2019 16:20

“Никогаш нема да биде ист човек”- лекар ја откри вистината за Шумахер

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Никола Акчари, кој е познат италијански неврохирург  ја состојбата на легендата во Формула 1, Михаел Шумахер.

Надвор од стазите, Шумахер е амбасадор на УНЕСКО и говорник за безбедноста на возачите. Тој е инволвиран во бројни хуманитарни акции низ целиот негов живот и има донирано десеттици милиони долари во хуманитарни цели. Михаил и неговиот помлад брат Ралф Шумахер се единствените браќа кои победиле на трки во Формула Еден, и тие биле првите браќа кои завршиле на прво и второ место во иста трка, во Монтреал 2001 година, и уште еднаш на истото место (но во обратен редослед) во 2003 година.

– Јасно е дека тој никогаш нема да биде ист човек. Немојте да се изненадите ако го видите еден ден и тој има изгубено мускулно и коскено ткиво. Неговата состојба наметнува грижа не само на мозокот, туку и интензивна нега на целото тело. Тоа е многу деликатна ситуација која често доведува до смрт кај луѓе со понизок економски статус. Ова е тажната вистина …, изјавил италијанскиот лекар за „Мотоспорт“.

Пред шест години светскиот број еден во Формула1 Михаил Шумахер доживеа страотна несреќа. Тој удри со главата во карпа при ски-инцидент, по што беше подложен на повеќе операции и закрепнува во домашна средина веќе неколку години.

Инаку сопругата на Шумахер пред околу една недела испрати мистериозна порака со што ја замисли јавноста. 

Големите работи почнуваат со мали чекори. Мали парчиња кои можат да состават голем мозаик, напишала Корина.

За потсетување, повеќекратниот шампион во Формула 1 Михаел Шумахер во септември годинава се разбуди од кома,  откако го примија во болницата во Париз. Таму се лекуваше со матични клетки. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Формула

Уште од денот на несреќата, семејството ја крие состојбата на Шумахер, далеку од очите на јавноста, но сепак Тод е еден од ретките луѓе што сопругата на Шумахер, Корина дозволува да се приближи на нејзиниот сопруг. 

Конечно добра вест за состојбата на Михаел Шумахер

Добри вести пристигнаа за фановите на некогашниот број еден возач на Формула 1 Михаил...