Жељко Ражнатовиќ - Аркан беше водач на паравоената формација Српска доброволна гарда којашто делувала во војната на просторот на бивша Југославија.

Објавил: admin@magazin | 1 мај, 2019 21:46

“Никогаш не бев женкар”- во 1996 година Аркан објасни зошто ја избрал Цеца!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Наталија Мартиновиќ, сопругата на Жељко Ражнатовиќ Аркан, го напушти Аркан, после сознанието дека е во врска со тогаш младата естрадна звезда Светлана Цеца Величковиќ.

Наталија ги спакувала куферите и замина во Америка, заедно со своите четири деца. Сите деца од Аркан ја обвинуваат Цеца, дека го растурила бракот на Аркан и Наталија. Но сепак Аркан во 1996 година, имаше нешто да каже на таа тема.

После 13 години брак со Наталија, јас се разведов. Мојата Маша се роди додека бев во затвор во Хрватска. Мојата жена и јас три години не бевме заедно. Имав три брака, но никогаш не бев женкар. За 13 години колку што бев заедно со мојата жена, ништо не се случуваше со други жени. Потоа јас се заљубив во Цеца. Јас тоа и го реков на мојата жена. Уствари тоа се случуваше полека. Цеца беше упорна. Отворено ми ја изјавуваше својата љубов и јас ја прифатив полека, откри Аркан во 1996 година за српските медиуми. Тоа Наталија никогаш не ми го прости.

Желко Ражнатовиќ влегол во политиката по време на изборите во крајот на 1992 година, кога како лидер на група граѓани од Косово победува и добива пет мандати во српскиот парламент. Пред предвремените избори во 1993 основал Партија на српското единство, при кое ја застапува демократизацијата од американски тип. Но неговата партија не успеала да влезе во парламентот. И покрај националистичките си погледи во почетокот на војната, Аркан е противник на Воислав Шешељ.

Жељко Ражнатовиќ – Аркан беше водач на паравоената формација Српска доброволна гарда којашто делувала во војната на просторот на бивша Југославија. Аркан има дебело досие како истакнат „криминалец“ во западна Европа.

Во 1972 година со само дваесет години, илегално имигрирал на запад, надевајќи дека ќе се пронајде таму себе си. Во странство се сретнал а и се запознал со многу поранешни југословенски злосторници, кои подоцна ќе бидат убиени или уапсени. Аркан исто така се смета дека е и атентатор во повеќе држави во Европа, како Белгија, Холандија, Шведска, Германија. Бил затворен во Белгија во 1974 година, од каде во 1977 година побегнал.

Во ноември 1983 година двајца полицајци му упаднале во куќата се со намера да биде уапсен, но Аркан успеал да се одбрани и да ги рани поради кои бил уапсен. Меѓутоа, по два дена по повторната интервенција на Стане Доланац, Аркан бил пуштен од притвор.

Повторно бил уапсен во Холандија во 1979 и повторно побегнал 1981 година, каде бил ранет во судирот со полицијата. По сите тие криминални дела бил прогласен за десетиот најбаран криминалец во светот во потрага и од Интерпол.
Додека бил млад, Аркан од сите тие валкани ситуации го извлекувал Стане Доланац, словенечки политичар и шеф на тајната полиција и близок пријател на Тито. Како таен агент работел во 1973 година а по задача бил испратен на запад за да врши атентати над терористите, политичките емигранти и противниците на режимот во Југославија.

Поради тоа бил принуден да научи повеќе европски јазици, како англискиот, францускиот и италијанскиот, а ги познавал и шведскиот, германскиот и холандскиот. Во Југославија се вратил 1981 година и продолжил со нелегалните работи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.