Со преслушување на нелегално набавените разговори денес во Кривичниот Суд во Скопје, треба да продолжи судењето за предметот „Титаник!

Објавил: Македонка Димкин | 26 ноември, 2018 9:06

Никола Груевски „повторно„ во Суд? „Титаник„ продолжува!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин.мк

Со преслушување на нелегално набавените разговори, откако на минатото рочиште беа преслушани околу 80 разговори во периодот меѓу вториот и третиот изборен круг на локалните избори во 2013 година, денес во Кривичниот Суд во Скопје, треба да продолжи судењето за предметот „Титаник! Во најголем дел од „бомбите„ се слушаше гласот на Миле Јанакиевски како тој разговара со партиски членови и каде тој прави анализа на изборните резултати.

Во најголем дел од разговорите се слушаше гласот на екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески како разговара со партиски членови и директори на денот и по изборите, прави анализа на изборните резултати од вториот круг и каде им одговара да се одржи трет круг во општина Центар.

На почетокот на минатото рочиште Судот донесе одлука на поранешниот премиер Никола Груевски, кој се наоѓа во бегство во Унгарија, да му се суди во отсуство.

Никола Груевски иако обвинет за четири случаи, СЈО го обвини точно за случајот ТЕНК иако како што јавија многу медиуми, такво возило по слична постапка набавиле и многу други премиери во регионот а Еди Рама дури три, како и екс претседателот Тадиќ но против нив ниту е поведена постапка ниту пак дошле на идеја да бидат обвинети. Од друга страна пак се јави и ЕК : Не можете да избегате од владеењето на правото. И како наша земја-членка, како земја-кандидат за членство, го штитат владеењето на правото. Ова е одлука на судија, ние не коментираме судии. Ова е судски процес. Но како што комесарот Хан кажа вчера и Комисијата се согласува со комесарот Хан дека дури и ваков вид на одлуки треба да се објаснат, изјави Маргаритис Шинас, портпаролот на ЕК.

Во „Титаник“ покрај Никола Груевски кој доби Азил во Унгарија и актуелно е тема број 1 во сите европски медиуми, обвинети се и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Досега се преслушани околу 950 разговори од над илјада предложени од СЈО како докази, а случајот има сеуште статус на доказна постапка.

И додека „ТИТАНИК„ повторно плови, пред кривичниот совет на скопска Апелација предводен од судијата Јани Нича, одбраната на обвинетите Миле Јанакиески и Кирил Божиновски ќе се обидат да издејствуваат укинување на притворот.

Во јавноста се создаде слика дека Јанакиевски и Божиновски беа притворени како одмазда за „бегството„ на Никола Груевски?

Јанакиески и Божиновски беа експресно притворени во затворот Шутка по бегството на експремиерот Никола Груевски во Унгарија. Одлуката за притворот ја донесе кривичниот суд на барање на СЈО , кое пак добило информации од Управата за безбедност и контраразузнавање дека двајцата се подготвувале за бегство. Претходно пак Оливер Спасовски тврдеше дека тие не можеле и не смеел да следат слободен човек како што беше Никола Груевски па оттука не можеле да знаат како и кога побегнал.

Во решението на кривичниот совет на скопска единица за прифаќањето на предлогот на СЈО, Јанакиески да биде притворен, пишува дека Јанакиески преку посредник барал амнестија од претседателот Ѓорѓе Иванов. Неговиот кабинет одрече дека се одржала средба со посредник на Миле Јанакиески, како што е наведено во службената белешка на УБК.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести