Александар Николовски најави објавување на нова корпуциска афера поврзана со Националната агенцијата за европски образовни програми и мобилност, објави Вечер.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 октомври, 2019 22:04

Николовски открива КОРУПЦИСКА АФЕРА: Проневерени се три милиони европски пари (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Александар Николовски, потпретседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување на телевизија Телма најави објавување на нова корпуциска афера поврзана со Националната агенцијата за европски образовни програми и мобилност, објави Вечер.

Александар Николовски во вечерашното гостување на телевизија Телма најави објавување на нова корпуциска афера поврзана со Националната агенцијата за европски образовни програми и мобилност.

– Од петок ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи серија прес конференции на кои ќе објави нова корупциска афера поврзана со Националната агенција за образовни програми и мобилност којашто и во оваа фаза на интеграција користи ЕУ пари. Ќе обзнинме како се трошеле европските пари. Делени се средства на блиски невладини организации на раководството на агенијата. Исти четири невладини ги добиле проектите и минатата и оваа година. Проневерени се околу 3 милиони евра, сомнителнен е тендерот за избор на ПР агенција. Владата треба да апелира тоа брзо да се испита, бидејќи се проневерени европски пари, рече Николовски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.