Не прекинуваат изненадувањата од обвинетиот Василевски, кој во момент на амнестија која не важи за лица од безбедносните органи, сака да се прикаже за нивни "таен" соработник

Објавил: Мартин Попоски | 18 декември, 2018 7:42

Нинџа тајно ги снимал разговорите со Грујевски и Бошковски

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Разговорите на тројца бегалци од правдата се предложени како докази за немилите настани во Собранието минатата година.

Александар Василевски Нинџа ги предложи аудио снимките кои ги има направено од разговори со Горан Грујевски и Никола Бошковски поранешни началниците во УБК.

Но комуникацијата на Нинџа со Грујевски и Бошковски се одвивала во периодот додека тие беа во притвор во Грција откако избегаа од земјава, а тој во бегство од апсењата за настаните во Собранието.

115 ауди разговори вкупно снимал Нинџа, разговарајќи преку апликација за видео комуникација, но го снимал само аудиото. За да има доказ дека разговара со Груевски и Бошковски направил и фотографии од нив, најверојатно со помош на скрин шот. Сите се снимани во периодот од април и мај 2018 та се до одењето на Нинџа во Шутка кој сам се предаде после повеќе од половина година бегство.

На синоќешното рочиште од судскиот процес кој е во завршна фаза, како дополнителни докази самиот Василевски ги предложи овие разговори и фотографии.

Како поткрепа на мојот исказ даден пред судот ги предлагам како докази 115 аудио снимки и 20 фотографии кои ги доставив до обвинителството за организиран криминал уште кога се предадов на 11 јуни 2018. Сега барам обвинителката Вилма Рускоска да ги предаде бидејќи се во обвинителството, а да се преслушаат со исклучување на јавноста. – изјавил Александар Василевски Нинџа – обвинет

Рускоска не беше во судницата а нејзината заменичка Трајчевска рече дека ако ги имал Нинџа можел да ги предложи по поднесувањето на обвинението.

Рускоска пак потврдува дека ауди материјалите се од разговори со Грујевски и Бошковски, но не се однесуваат на предметот па за тоа и обвинителството не ги предложило за докази.

Ги слушнав сите, освен негови монолози, од другата страна се слуша само потврдно да, да. Нема ништо конкретно за предметот. За тоа и не ги предложивме. -вели обвинителката Вилма Русковска.

Овие снимки се предадени во обвинителството уште пред половина година, а сега адвокатите на Василевски не откриваат зошто тој самиот одлучи дури сега на крај да ги предложи.

Инаку според истите извори Нинџа сега со снимките сака да ја поткрепи веродостојноста на исказот во кој убедуваше дека тој е човек од тајната полиција, донесен од Горан Грујевски и Никола Бошковски. Сега судот ќе треба да одлучи дали ќе ги прифати снимките и фотографиите, но се отвора прашањето на каков начин е дојдено до нив и дали тие можат да бидат докази ако се тајно снимани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести