Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а еднствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме.

Објавил: admin@magazin | 13 јуни, 2021 13:34

Ниту еден починат и нови 8 случаи на коронавирус

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес за прв пат по 2 септември 2020 не бележиме ниту еден починат од Ковид. Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата.

Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а еднствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме.

Во последните 24 часа се направени 3.068 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19 од:
-Скопје 3
-Тетово 2
-Велес, Кичево и Охрид по 1

Нема пријавено починато лице.

Регистрирани се 9 оздравени пациенти од:
-Скопје 3
-Куманово
-Тетово, Велес, Гостивар, Свети Николе и Ресен по 1

Досега во земјата се направени вкупно 834.099 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.536, бројката на оздравени пациенти е 149.628, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 437.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...