До крајот на годината ни остануваат уште 5 празника, од кои три се споени викенди.

Објавил: Владо Марин | 29 јули, 2020 14:51

Ни следи неработен ден – До крајот на годината уште 3 споени викенди

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во понеделник е неработен ден во Македонија за сите граѓани на нашата земја. Имено 2 август Денот на Републиката кој се паѓа во недела оваа година се префрла за во понеделник со што 3 август е неработен ден во земјава. До крајот на годината ни остануваат уште 5 празника, од кои три се споени викенди, пишува Скопје24.мк!

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2020 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ
• 02 август (недела), Ден на Републиката, односно 03 август (понеделник) е неработен ден. • 8 септември (вторник), Ден на независноста, • 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е
неработен ден. • 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба, • 8 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”,

За граѓаните од православна вероисповед
• 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). За граѓаните од католичка вероисповед
• 13 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 01 ноември (недела), Празникот на сите светци, • 25 декември (петок), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 31 Јули (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам, За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ • 22 ноември (недела), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
• 23 мај (сабота), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.