Државјанинот на Казахстан е четврто лице кое смртно настрада во последните 24 часа во Црна Гора во несреќа на море и езеро

Објавил: Мартин Попоски | 17 август, 2018 12:49

Нова трагедија во Улцин: “Едно лице загина осум се спасени”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На Голема плажа во Улцин Црна Гора под засега непознати околности едно лице го загуби животот додека осум се спасени.

Засега не се познати околностите на несреќата а телото на удавениот го извлекле спасувачите на плажа.

Реанимацијата не успеала. Од црногорската полиција е соопштено дека се удавил државјанин од Казахстан чие тело вчера е извлечено од морето.

Од Управата на полицијта е соопштено дека несреќата се случила во 19 часот но не се соопштени повеќе детали. 

Сите 9 лица од кои едно загина биле капачи.

Државјанинот на Казахстан е четврто лице кое смртно настрада во последните 24 часа во Црна Гора во несреќа на море и езеро.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.