Проектот позади кој стои принцот претстолонаследник Мухамед бин Салман е вреден 500 милијарди долари и замислен е како место во кое државата би можела да организира важни спортски настани како трка на Формула 1 или бокс мечеви.

Објавил: Весна Петровска | 5 декември, 2019 19:29

НОВА ФАНТАЗИЈА ОД САУДИСКА АРАБИЈА: Во пустина ќе никне град од 500 милијарди долари, а таму нема да има строги закони

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Саудиска Арабија планира во северозападниот дел на државата да го игради Неом, градот на иднината во кој не би важеле строгите исламcки закони и во кој жените би имале исти права како во западните држави.

Проектот позади кој стои принцот претстолонаследник Мухамед бин Салман е вреден 500 милијарди долари и замислен е како место во кое државата би можела да организира важни спортски настани како трка на Формула 1 или бокс мечеви.

Во овој град можат жителите да уживаат и во алкохолот. Градот на иднината ќе биде завршен до 2030 година.

 

Кралство Саудиска Арабија — кралство и најголемата држава на Арапскиот Полуостров. Се граничи со Јордан на северозапад, со Ирак на север и североисток, со Кувајт, Катар, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати на исток, со Оман на југоисток и со Јемен на југ. На североисток излегува на Персискиот Залив, а на запад на Црвеното Море. Главен град е Ер Ријад. На територијата на Саудиска Арабија се наоѓаат двете најсвети места на исламот, Мека и Медина.

Саудиска Арабија е апсолутна монархија, основана на 8 јануари 1926 година од страна на Саудиското кралско семејство.

Саудиска Арабија зафаќа околу 80% од Арапскиот Полуостров (најголемиот полуостров во светот), лежејќи помеѓу 16° и 33° СГШ, и 34° и 56° ИГД. Бидејќи јужните граници на земјата со Обединетите Арапски Емирати и Оман не се прецизно обележани, точната површина на земјата не е определена. „Светската книга на факти“ на ЦИА ја проценува на 2,149,690 km2 и ја наведува Саудиска Арабија како 13та најголема држава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.