Се намали и цената на мазутот за 0,740 ден/кг во однос на претходно утврдената цена, односно сега мазутот се продава по цена од 32,954 ден/кг.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 октомври, 2019 18:55

НОВИ ЦЕНИ НА БЕНЗИНОТ И НАФТАТА: По викендов не чека нова промена на цената на горивата!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Како и секој понеделник, Регулаторната комисија за енергетика носи одлука за најновата цена на горивата.

Од понеделникот се намали цената на бензините од денар до денар и пол, а цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство остана непроменета.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енрегетика, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по пониска цена за 1,50 денари, а ЕУРОСУПЕР БС – 95 за еден денар. ЕУРОСУПЕР БС-98 е 68,50 ден/литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 66,50 ден/литар.

Се намали и цената на мазутот за 0,740 ден/кг во однос на претходно утврдената цена, односно сега мазутот се продава по цена од 32,954 ден/кг.
Новите пониски цени на бензините се должат на намалувањето на цената на бензините на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести