На уникатен начин им ја честитаат Новата година и божиќните празници на граѓаните!

Објавил: admin@magazin | 26 декември, 2021 10:54

Новогодишна елка под вода кај Заливот на Коските во Охрид

Фото/Текст извор: ©магазин

Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ традиционално, 19-та година по ред, ја накитија новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските во Охрид.

На уникатен начин им ја честитаат Новата година и божиќните празници на граѓаните.

Подводната елка ќе биде своевидна атракција во склоп на музејот во пресрет на новогодишните празници.

Залив на Коските — залив во Охридското Езерои археолошко наоѓалиште на праисторисканаколна населба од доцнобронзеното и раножелезното време.

Сместен е до полуостровот и автокампот Градиште, меѓу селата Пештани и Трпејца. Длабок е 3 до 5 метри.

Местото е наречено „Плоча Миќов Град“ и денес има реконструкција на наколните живеалишта (Музеј на вода „Залив на Коските“) и платформи, како и свој посетителски центар со изложбен простор за наодите.

Над него се издига обновено римско утврдување (каструм) со воени објекти од тоа време, во наоѓалиштето наречено Градиште.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.