Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот пресметковен период забележа поскапување за 0,676%.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 јули, 2019 1:10

НОВ ЦЕНОВНИК: Горивата поскапуваат!

Фото/Текст извор: ©автомагазин

Регулаторната комисија со нови цени на горивата во Република Македонија.

Според одлуката на регулаторната комисија за енергетика, нивната цена во наредната недела кај нас ќе изнесува 70,50 денари за литар безоловен моторен бензин еуросупер БС-95, два денари повеќе за еуросупер БС-98, додека цената на дизел горивото еуродизел БС Д-Е V ќе биде 62,00 денари за литар.

Според антимонополски регулатори, до овие бројки е дојдено врз основа на зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период кои забележаа зголемување кај бензинот за 5,136% и кај дизелот за 2,585%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветното прилагодување.

Плус на тоа, курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот пресметковен период забележа поскапување за 0,676%.

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати, според методологијата објавена во службен весник број 103/2019 – кој го има ќе знае за што зборуваме, а кој не ќе точи гориво по малопродажна цена во просек поголема за 2,35%.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести