Швајцарскиот весник НЦЦ со анализа како Преспанскиот договор, нелегитимен по референдумот, во обидот да се реализира, предизвикува политички кризи во двете земји

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 октомври, 2018 14:03

НЦЦ: Политички “жртви” на името Македонија и во Скопје и Атина

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Швајцарскиот “Ноје цирхер цајтунг” ги анализира последиците од спроведувањето на Преспанскиот договор во Македонија и во Грција.

Според весникот се продлабочуваат политичките ровови во двете  земји.

По правило, гласањето на парламентарците не ја прави неопходна полициската заштита, но Македонија е поинаков случај. -пишува “Ноје цирхер цајтунг” во текстот со наслов “Името и натаму предизвикува поделби“.

Весникот анализира дека во Македонија министерот за внатрешни работи Спасовски соопшти дека сите 80 пратеници кои гласале за компромис за името со Грција, добиле дополнителна заштита. Повеќе политичари добивале закани по гласањето.

Исходот од гласањето ги продлабочи политичките ровови во Македонија. Опозициската ВМРО – ДПМНЕ исклучи од своите редови 7 пратеници кои му помогнаа на премиерот Зоран Заев да го обезбеди двотретинското мнозинство. На социјалните мрежи се шират фотографии на осумтемина политичари во кои тие се прогласени за “предавници на Македонија”. – пишува НЦЦ.

Уште пред гласањето, од ВМРО – ДПМНЕ обвинуваа за поткуп. Јасно е дека владата изврши голем притисок врз опозициските пратеници.

Притоа се случи и една извонредна коинциденција, имено куќниот притвор на тројца “одметнати” пратеници им беше укинат токму во неделата кога требаше да се случи гласањето. – констатира НЦЦ.

По референдумот, кој владата и покрај невалидноста го претвори во предлог за промена на Уставот, овие недоследности фрлаат дополнителна сенка врз процесот на решавање на спорот за името.

Во западните земји претежна олеснувањето затоа што е направен еден чекор напред. До спроведувањето на Договорот остануваат уште две гласања во парламентот во Скопје и едно во Атина. – пишува НЦЦ.

Од другата страна, во Атина, компромисот предизвикува владина криза, продолжува весникот, потсетувајќи на кавгата меѓу министерот за одбрана Панос Каменос и шефот на дипломатијата Никос Коѕијас, која резултираше во оставка на Коѕијас.

Компромисот за името меѓу Грција и Македонија надмина неколку пречки. Но политичката клима и натаму го труе проблемот на двете страни на границата. – заклучува швајцарскиот весник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести