Како што стои во соопштението на полицијата, едно лице го загуби животот, а пет се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 8:30 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај с.Дебриште.

Објавил: Весна Петровска | 12 август, 2019 12:04

ОБНОВЕНО: Познат идентитетот на загинатиот во сообраќајката кај Прилеп

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Уште една трагедија ја потресе Македонија. МВР за јавноста ги сподели деталите од трагедијата и го откри идентитетот на загинатото лице.

Како што стои во соопштението на полицијата, едно лице го загуби животот, а пет се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 8:30 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај с.Дебриште.

Страшна сообраќајна несреќа ја потресе Македонија

-Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(34), од с. Острец- битолско и патничко моторно возило „Ланд ровер“ со велешки регистарски ознаки, управувано од О.Г.(30) од Велес. Во незгодата починал сопатникот од возилото “Голф“ Б.Д.(36), информираат од МВР.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Д., додека возачот О.Г. и тројца сопатници од двете возила се здобиле со телесни повреди.

Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес.

Сообраќајка со трагичен исход имаше и пред две недели откако комбе се заби во автобус полн со патници на патот кај Штип. Возачот на комбето загина на лице место, а возачот на автобусот беше итно пренесен во болница. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...