Техничката влада се формира на 100 дена пред изборите, а како можни кандидати се сегашните министри Оливер Спасовиски и Мила Царовска.

Објавил: Весна Петровска | 19 декември, 2019 16:36

Оливер Спасовски технички премиер?

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Откако Заев најави дека не постојат причини ниту потреба за одложување на предвремените парламентарни избори кои се закажани на 12. април 2020. Тој изјави дека наскоро ќе се знае сосатвот на техничката влада која ќе се актвира на 3. јануари.

Техничката влада се формира на 100 дена пред изборите, а како можни кандидати се сегашните министри Оливер Спасовиски и Мила Царовска.

Тој истакна дека најверојатно в четврток ќе ги има првите координации во СДСМ, а потоа и во коалицијата за да бидат донесени одлуките за техничката влада.

-Ние треба да се усогласиме околу името на техничкиот премиер, за двајца дополнителни заменици министри во МТСП и МВР со право на вето. Веројатно до крајот на годината треба да следи и барање и предлози од опозицијата за министри во МВР и МТСП, но и тројца заменици министри и за тоа да разговараат со власта. Очекувам на 3 јануари, датум кој е на 100 дена пред избори да се констатира мојата оставка со што престанува да функционира оваа Влада која ја водам и на самата седница на предлог на новиот мандатор кој добива мандат од претседателот на државата, да се претстави техничката влада и програмата и да се избере, рече Заев.

Високи извори за Телма велат дека најпрво ќе следат партиски консултации а одлуката се очекува да биде потврдена на Централниот одбор.

Оливер Спасовски најверојатно ќе биде технички премиер. Тој бил прифатливо решение и за премиерот Заев и за коалициските партнери на СДСМ.

Министерот за внатрешни работи одби да одговори дали доколку му биде понудена функцијата, истата ќе ја прифати.

Социјалдемократите сметаат дека технички премиер треба да биде од редовите на министрите во Владата, а партиите од коалицијата ќе ја почитуваат секоја одлука која ќе биде донесена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика