Според извештајот бројот може да се искачи на повеќе од 250 милиони.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 април, 2020 22:29

ОН: Ќе се зголеми бројот на гладни луѓе во светот поради коронавирусот!

Фото/Текст извор: ©слободна европа фото 24 инфо

Како последица на економските последици од коронавирус годинава може да дојде до зголемување на бројот на лица кои се соочуваат со глад, стои во извештајот на Обединетите нации.

Според извештајот бројот може да се искачи на повеќе од 250 милиони.

„Бројот на лица со кои се соочува акутна несигурност во храна, треба да се искачи на 265 милиони во 2020 година, што е зголемување за 130 милиони од 135 милиони во 2019 година, како резултат на економското влијание на Ковид-19“, се вели во извештајот на ОН.

Загубените приходи од туризмот, опаѓање на дознаките од странство и патувања и други ограничувања кои беа резултат од  пандемијата се очекува да имаат најголемо влијание врз безбедноста на храната, стои во извештајот на ОН.

„Ковид-19 е потенцијално катастрофален за милиони кои веќе висат по конец. Ние мора колективно да дејствуваме сега за да го намалиме влијанието на оваа глобална катастрофа“, рече Ариф Хусеин, главен економист и директор за истражување, проценка и мониторинг на Светската програма за храна, пренесе Радио слободна европа.

Според извештајот на Обединетите нации, од 10 до 12 милијарди американски долари би биле потребни според светската програма за храна. За нејзините програми за помош оваа година, што е далеку над рекордните 8,3 милијарди американски долари собрани минатата година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.